ФИНСКА СТАНУВА 31. ЧЛЕНКА НА НАТО ОТКАКО И ТУРЦИЈА ЈА ОДОБРИ НЕЈЗИНАТА АПЛИКАЦИЈА

    ФИНСКА СТАНУВА 31. ЧЛЕНКА НА НАТО ОТКАКО И ТУРЦИЈА ЈА ОДОБРИ НЕЈЗИНАТА АПЛИКАЦИЈАФинската премиерка Сана Марин во јуни минатата година дојде во Скопје пред гласањето во македонскиот парламент за финската апликација за членство во НАТО. (Фото: СДК.МК)

    Финска ќе стане 31. членка на НАТО откако турскиот парламент ја одобри нејзината апликација. Турција го одложуваше гласањето за Финска, со тврдење дека нордиската земја „поддржува терористи“. За проширување на НАТО е потребна согласност од сите членки,

    Шведска, која аплицираше заедно со Финска минатиот мај, сè уште е под блокада од Турција.

    Финска треба и формално да биде примена во алијансата на следниот самит, во јули во Литванија.

    По гласањето во турскиот парламент, финската влада соопшти дека приклучувањето на НАТО ќе ја зајакне безбедноста на земјата и ќе ја подобри стабилноста на регионот.

    Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно месецов кажа дека Финска направила „автентични и конкретни чекори“ во врска со безбедноста на Турција. Но, тој ја обвини Шведска дека продолжува да ги прифаќа курдските милитанти и да им дозволува да протестираат на улиците на Стокхолм.

    Финска, која има граница со Русија од 1.340 километри и еден од најмоќните артилериски арсенали во Европа, беше неутрална земја сè до руската инвазија на Украина во февруари минатата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира