ФОН ДЕР ЛАЈЕН АНГАЖИРАЛА ПРОФЕСОР ПО ИСТОРИЈА ЗА 150.000 ЕВРА ЗА ДА НАПРАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ВО ЕУ

    ФОН ДЕР ЛАЈЕН АНГАЖИРАЛА ПРОФЕСОР ПО ИСТОРИЈА ЗА 150.000 ЕВРА ЗА ДА НАПРАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ВО ЕУПетер Штрохшнајдер бил советник на извештај наречен „Стратешки дијалог за иднината на земјоделството во ЕУ“ (Фото: Гети)

    Професор по средновековна историја добил 64% повисока плата од она што е наменето за советниците на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, за да надгледува извештај за земјоделството во ЕУ.

    Петер Штрохшнајдер имал дневница од 973 евра за работа на извештај наречен „Стратешки дијалог за иднината на земјоделството во ЕУ“, додека специјалните советници можат да имаат максимална дневница од 594 евра, стои во документ што го разгледал сајтот „Политико“.

    Професорот Криштоф Демке, кој го напишал извештајот за Европската комисија (ЕК), кажа дека платата од 150.000 евра за Штрохшнајдер за 154 дена била „празно трошење јавни пари“.

    Мислам дека оваа сума е нереалистично висока и исто така е непотребно“, изјави Демке.

    Дневницата што ја имал Штрохшнајдер била на нивото на генерален директор во рамките на ЕК. Фон дер Лајен го ангажирала во периодот кога земјоделците организираа големи протести против новите еколошки регулативи во Европа.

    Изборот на специјални советници е прилично произволен. Од комесарите и претседателката зависи кого ќе изберат. Значи, ова можеби не е фер процес“, додаде Демке.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира