ФРАНЦИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ СВОЈОТ АМБАСАДОР ВО РИМ ОТКАКО ИТАЛИЈА ГИ ПОДДРЖА „ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“

    ФРАНЦИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ СВОЈОТ АМБАСАДОР ВО РИМ ОТКАКО ИТАЛИЈА ГИ ПОДДРЖА „ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“Италијанскиот вицепремиер Ди Мајо ги опиша „жолтите елеци“ како „ветер на промените на Алпите“ (Фото: Твитер)

    Франција го повлече својот амбасадор во Италија поради „низа провокации“ од тамошната популистичка влада.

    „Веќе неколку месеци, Франција е изложена на континуирани обвинувања, неосновани напади и нејасни тврдења. Вакво нешто не е видено уште од Втората светска војна“, се вели во појаснувањето на Министерството за надворешни работи на Франција.

    Ова уследи само ден откако Париз ја осуди средбата на италијанскиот вицепремиер Луиџи ди Мајо со претставници на француското антивладино движење „жолти елеци“.

    „Ваква провокација е неприфатлива помеѓу две соседни земји и партнери во срцето на Европската Унија. Ди Мајо, кој треба да биде свесен дека ја претставува својата влада, не би смеел на ваков начин да ги нарушува билатералните односи помеѓу нашите две држави“, додаваат од Министерството.

    Ди Мајо претходно се пофали на Твитер дека ги поканил лидерите на „жолтите елеци“ на средба во Рим, додавајќи дека „ветерот на промените почна да дува на Алпите“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира