Франција ќе ја прошири општата забрана за движење во ноќните часови на уште десетици области, во обид да го забави ширењето на коронавирусот.
„Вториот бран е во тек. Ситуацијата е многу сериозна“, кажа премиерот Жан Кастекс.
Со новата одлука, полицискиот час што трае од 21 до шест часот ќе опфати 46 милиони луѓе.
„Наредните недели ќе бидат тешки и бројот на мртви ќе продолжи да расте. Ако не успееме да ја запреме пандемијата, ќе се соочиме со тешка состојба и ќе мора да воведеме многу потешки мерки. Сѐ уште имаме време да го избегнеме тоа, но немаме многу“, рече Кастекс.
Ова следува една недела откако полициски час беше воведен во Париз и во уште осум поголеми градови. Тој ќе биде на сила во наредните шест недели.
Франција пријави над 20.000 нови случаи на коронавирус во изминатите шест дена.