Француските пратеници се согласија да ја направат контрацепцијата бесплатна за жени од 18 до 25 години. Националното собрание вчера додаде мерка во буџетот за 2022 година со која се покриваат трошоците за контрацепција на младите жени.
Буџетот ќе биде формално изгласан во вторник и треба да стапи во сила на 1 јануари.
Ирската влада најави слична мерка завчера, одобрувајќи финансирање на контрацепцијата на жени од 17 до 25 години.
Во Франција, оваа мерка можат да ја искористат три милиони жени, а државата ќе ја чини околу 21 милион евра годишно. Контрацепцијата веќе е бесплатна за девојките до 18 години.