ФРАНЦИЈА ИЗЛЕГУВА ОД КАРАНТИНОТ НА 11 МАЈ ОТКАКО СО ОВАА МЕРКА БИЛЕ СПАСЕНИ 62.000 ЖИВОТИ

    ФРАНЦИЈА ИЗЛЕГУВА ОД КАРАНТИНОТ НА 11 МАЈ ОТКАКО СО ОВАА МЕРКА БИЛЕ СПАСЕНИ 62.000 ЖИВОТИВо Франција досега има 23.000 починати од КОВИД-19 (Фото: Ројтерс)

    Франција ќе почне со „прогресивно и контролирано“ излегување од строгиот карантин од 11 мај, иако во Германија е забележан пораст на бројот на нови случаи на коронавирус откако рестрикциите се олеснети.

    Премиерот Едуард Филип изјави дека 62.000 животи биле спасени со одлуката земјата да се стави во карантин на шест недели, но сега е време за олеснување на мерките за да се избегне колапс на економијата.

    „Ќе мора да научиме да живееме со КОВИД-19 и како да се заштитиме од него. Ако има мало невнимание, епидемијата повторно ќе се активира, а целата држава ќе потоне“, изјави Филип во парламентот.

    Во Франција досега има 23.000 починати од КОВИД-19.

    Децата ќе можат да се вратат во градинките и основните училишта од 11 мај, но на доброволна основа. Маските ќе бидат задолжителни во јавниот превоз, а и повеќето продавници повторно ќе се отворат на 11 мај, но не и рестораните и кафулињата. Сите спортски натпревари, дури и без публика, се забранети до септември, со што заврши сезоната во сите спортови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира