ФРАНЦИЈА ЈА УКИНУВА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ПО ДВЕ ГОДИНИ

    ФРАНЦИЈА ЈА УКИНУВА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ПО ДВЕ ГОДИНИМесто вонредната состојба, на сила стапија низа засилени безбедносни мерки. - Еманиел Макрон (Фото: ЕПА)

    Франција ја укинува вонредната состојба во земјата, што беше воведена пред две години, по крвавите напади во Париз, во коишто загинаа 130 луѓе.

    Таа автоматски ќе биде прекината денеска, на крајот на шестмесечното продолжение, што беше изгласано од парламентот во јули. Место тоа, на сила ќе стапи зголемен број засилени безбедносни мерки, кои беа преточени во закон, што во понеделникот го потпиша претседателот Емануел Макрон.

    „Ветувањето е исполнето: ја завршуваме вонредната состојба на 1 ноември, но, истовремено, ја засилуваме безбедноста на нашите граѓани. Заканите од тероризам остануваат на високо ниво“, изјави Макрон.

    Вонредната состојба првпат беше воведена во ноември 2015 година и потоа беше продолжена уште шест пати и вкупно беше на сила 719 дена.

    По нападите во Париз, во терористички напади низ Франција беа убиени повеќе од 100 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира