ФРАНЦИЈА НАЈАВИ ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ЗА ДЕЦА ПОД 15 ГОДИНИ, ГО ПОДДРЖУВА И МАКРОН

    ФРАНЦИЈА НАЈАВИ ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ЗА ДЕЦА ПОД 15 ГОДИНИ, ГО ПОДДРЖУВА И МАКРОНСпоред предложениот закон, државниот регулатор за медиуми би составил список на социјални мрежи кои се сметаат за штетни (Фото: Гети)

    Франција би можела да го следи примерот на Австралија и да ги забрани социјалните мрежи за помладите тинејџери откако во Националното собрание се отвора дебата за нов закон. Со него би се блокирал пристапот до мрежи како Снепчет, ТикТок и Инстаграм за деца под 15 години.

    Претседателот Емануел Макрон изјави дека сака забраната да стапи во сила до почетокот на следната учебна година во септември. Франција со ова се приклучува кон светскиот тренд за ограничување на социјалните мрежи за деца, предизвикан од растечките докази за штетата врз менталното здравје што можат да ја предизвикаат.

    „Не можеме да го оставиме менталното и емоционалното здравје на нашите деца во рацете на луѓе чија единствена цел е да заработат пари од нив“, рече Макрон минатиот месец.

    Според предложениот закон, државниот регулатор за медиуми би составил список на социјални мрежи кои се сметаат за штетни и тие би биле забранети за деца под 15 години. Притоа би имало и листа на наводно помалку штетни платформи, кои би можеле да се користат со одобрение од родителите.

    Со посебна клаузула би се забранила употребата на мобилни телефони во сите средни училишта, која веќе е во сила во основните школи.

    Во Европа, Данска, Грција, Шпанија и Ирска исто така размислуваат да го следат австралискиот пример. Порано овој месец, владата на Велика Британија започна консултации за забрана на социјалните мрежи за лица под 16 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира