Француските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Фере на брегот на Атлантскиот Океан, при што стотици луѓе избегаа од областа со бродови. Овој популарен туристички центар беше евакуиран додека продолжува борбата со шумските пожари во регионот Жиронд.
Претходно, двајца пожарникари загинаа додека гаселе пожар близу аеродромот во Бордо.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ситуацијата со шумските пожари во земјата е многу напната, особено во Жиронд. Тој рече дека побарал помош од Европската Унија и дека авиони наскоро ќе пратат Хрватска, Португалија, Чешка и Словачка.
Во Жиронд се евакуирани околу 20.000 луѓе, многумина од нив посетители на камповите на полуостровот. Пожарот веќе уништи површина од 8.700 хектари и засега не е ставен под контрола.
Третиот топлотен бран во Европа оваа сезона ја интензивираше сушата, ги ограничи резервите на вода и ја остави вегетацијата сува, што помогна пожарите веќе да изгорат повеќе земјиште од годишниот просек во последните две децении.
Друго големо жариште е Шпанија, каде што властите прогласија вонредна состојба поради низа пожари близу Мадрид и во соседната провинција Авила. Досега се евакуирани повеќе од 10.000 луѓе.



