ФРАНЦИЈА ОД ПОНЕДЕЛНИК ИЗЛЕГУВА ОД КАРАНТИН, МИЛИОН ДЕЦА СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШТЕ

    ФРАНЦИЈА ОД ПОНЕДЕЛНИК ИЗЛЕГУВА ОД КАРАНТИН, МИЛИОН ДЕЦА СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШТЕФранција воведе карантин на 17 март (Фото: ЕПА)

    Франција е подготвена да почне да излегува од карантин од понеделник, како што беше планирано, но построги рестрикции ќе останат на сила во некои региони, вклучувајќи го и Париз.

    „Франција направи доволен напредок во спречувањето на ширењето на коронавирусот и од понеделник постепено ќе почне да излегува од карантинот, што беше воведен на 17 март. Сепак, земјата е поделена на два дела, па во некои региони вирусот и натаму побрзо циркулира, особено во парискиот регион, кој е густо населен“, изјави премиерот Едуар Филип.

    Следната недела, во училиштата се враќаат околу еден милион деца и 130.000 наставници, најави министерот за образование.

    Освен Париз, за „црвени зони“ се прогласени и регионите на Стразбур, Дижон и Кале.

    „Во останатиот дел на Франција, средните училишта, кафулињата и рестораните би можеле да се отворат во почетокот на јуни“, кажа Филип.

    Во Франција досега има 25.809 починати од КОВИД-19.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира