Француските обвинители отворија кривична истрага против ТикТок зашто не го заштитува менталното здравје на децата на своите платформи. Ова е првпат заштитата на малолетници на социјалните мрежи да доведе до кривична постапка.
Таа следува по парламентарната истрага предводена од социјалистичкиот пратеник Артур Делапорт, која ги презентираше своите наоди на 11 септември. Единицата за сајберкриминал на париската полиција отворила кривична истрага кон крајот на октомври, кажа Делапорт, поздравувајќи ја оваа вест.
„Нашата комисија заклучи дека станува збор за алгоритамска стапица која со само неколку интеракции ја зголемува изложеноста на штетна, вознемирувачка и депресивна содржина“, рече Делапорт.
ТикТок е регулиран како многу голема онлајн платформа во ЕУ според Законот за дигитални услуги.



