ФРАНЦИЈА ПРИЗЕМЈИ АВИОН НА РОМАНСКА АВИОКОМПАНИЈА СО 300 ПАТНИЦИ ПОРАДИ СОМНЕЖИ ЗА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    ФРАНЦИЈА ПРИЗЕМЈИ АВИОН НА РОМАНСКА АВИОКОМПАНИЈА СО 300 ПАТНИЦИ ПОРАДИ СОМНЕЖИ ЗА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕНа малиот аеродром Ватри стои приземјен еден авион без ознаки од четвртокот. (Фото: АП)

    Околу 300 индиски државјани кои биле на пат од Дубаи за Никарагва се задржани веќе трет ден на француски аеродром откако полицијата доби дојава дека патниците можеби се жртви на трговија со луѓе.

    Меѓу патниците има деца и фамилии. Најмладиот патник има 21 месец, а меѓу патниците има и 13 малолетници без придружба. На малиот аеродром Ватри стои приземјен еден авион без ознаки од четвртокот, додека други летови беа откажани или пренасочени поради истрагата за трговија со луѓе.

    15 членови на екипажот на чартер летот на „Леџенд Ерлајнс“, кој тргнал од Обединетите Арапски Емирати за Никарагва, беа испрашани и пуштени, според адвокат на авиокомпанијата од Романија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира