ФРАНЦИЈА ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО ПАРИЗ И УШТЕ ОСУМ ГРАДОВИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    ФРАНЦИЈА ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО ПАРИЗ И УШТЕ ОСУМ ГРАДОВИ ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТМакрон кажа дека луѓето ќе мора да имаат валидна причина за да излезат надвор додека трае полициски час (Фото: Гети)

    Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека луѓето во Париз и во уште осум градови ќе мора да останат дома од 21 до шест часот, во обид да се стави под контрола забрзаното ширење на коронавирусот.

    „Полицискиот час ќе стапи на сила в сабота и ќе трае најмалку четири недели. Луѓето ќе мора да имаат валидна причина за излегување од дома додека трае полицискиот час“, изјави Макрон во вечерашното телевизиско обраќање.

    Во Франција во исто време е прогласена здравствена вонредна состојба, откако денеска беа регистрирани уште 22.591 случај на зараза.

    „Овој бран на коронавирусот е поразличен од ширењето пролетоска бидејќи вирусот се шири во сите делови на земјата. Мора да дејствуваме, мора да го сопреме ширењето на вирусот“, кажа Макрон.

    Освен Париз, општата забрана за движење во ноќните часови ќе се воведе и во Марсеј, Лион, Лил, Екс-ан-Прованс, Руен, Тулуз, Гренобл и Монлпелје.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира