ФРАНЦУСКАТА ПОЛИЦИЈА БРУТАЛНО РАСТУРИ МИГРАНТСКИ КАМП ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗ

    ФРАНЦУСКАТА ПОЛИЦИЈА БРУТАЛНО РАСТУРИ МИГРАНТСКИ КАМП ВО ЦЕНТАРОТ НА ПАРИЗДесетици помали шатори беа отстранети од кампот што се појави на Плоштадот на Републиката пред една недела (Фото: ЕПА)

    Француската полиција насилно растури импровизиран мигрантски камп во центарот на Париз, судирајќи се со мигрантите и активистите. Министерот за внатрешни работи Жералд Дерманан изјави дека некои од сцените биле шокантни и побара да добие полн извештај за полициската акција.

    Десетици помали шатори беа отстранети од Плоштадот на Републиката, додека дел од мигрантите беа извлечени од нив и исфрлени надвор. Стотици граѓани дојдоа да им дадат поддршка на мигрантите, барајќи сите да добијат документи и сместување и полицијата употреби солзавец и палки додека ги бркаше луѓето по улиците.

    Овој импровизиран камп се појави една недела откако полицијата растури поголем, илегален мигрантски камп покрај националниот стадион во северен Париз.

    Насилството се случи во пресрет на гласањето за контроверзен безбедносен закон во францускиот парламент, со кој, меѓу другото, ќе биде забрането да се објавуваат фотографии од полицајци и војници на социјални мрежи. Противниците сметаат дека законот ќе ги оневозможи медиумите да известуваат за полициски злоупотреби.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира