Француските власти објавија дека имало грабеж во светски познатиот музеј Лувр, поради што тој ќе биде затворен денеска.
Министерката за култура Рашида Дати кажа дека грабежот се случил утрово откако музејот бил отворен и дека нема повредени.
„Полицијата е во музејот и истрагата е во тек“, изјави Дати, не откривајќи дали нешто било украдено.
Француските медиуми известуваат дека тројца маскирани мажи упаднале во Лувр набргу по отворањето утрово. Тие користеле надворешен лифт што се користи за реновирање за да пристапат до галеријата „Аполо“. Се вели дека крадците скршиле прозорци за да влезат, а потоа побегнале на мотори со девет парчиња накит.
Од парискиот музеј соопштија дека денеска нема да работат поради „исклучителни причини“.