ФРАНЦУСКИ ПРАТЕНИК ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСОТ, МАКРОН ПРЕДУПРЕДИ НА ЕПИДЕМИЈА

    ФРАНЦУСКИ ПРАТЕНИК ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСОТ, МАКРОН ПРЕДУПРЕДИ НА ЕПИДЕМИЈАФранцуската влада има намера да прогласи највисок степен на тревога (Фото: АФП)

    Пратеник во Националното собрание на Франција е хоспитализиран откако се заразил со коронавирусот, потврди долниот дом на парламентот.

    Во исто време, претседателот Емануел Макрон ја предупреди јавноста на неизбежна епидемија.

    Името на заболениот пратеник не е објавено, но неговите колеги и останатите вработени во парламентот биле информирани за ситуацијата.

    Во Франција досега починале седум луѓе од коронавирусот, а само вчера биле регистрирани 138 нови случаи, со што вкупната бројка изнесува 423. Низ земјата се затворени околу 150 училишта.

    „Тревогата од епидемија најверојатно ќе биде крената на највисоко ниво, што може да доведе до ограничувања во транспортот и јавни активности“, кажа портпаролката на владата Сибет Ндијае.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира