ФРАНЦУЗИ ЧИИ ДЕЦА ИЗВРШИЛЕ САМОУБИСТВО ГО ТУЖАТ ТИКТОК ЗАШТО ГИ ИЗЛОЖИЛ НА ШТЕТНИ СОДРЖИНИ

    ФРАНЦУЗИ ЧИИ ДЕЦА ИЗВРШИЛЕ САМОУБИСТВО ГО ТУЖАТ ТИКТОК ЗАШТО ГИ ИЗЛОЖИЛ НА ШТЕТНИ СОДРЖИНИАдвокатите велат дека ова е прв ваков групен случај во Европа (Фото: ААП)

    Седум француски семејства покренаа тужба против ТикТок, обвинувајќи ја платформата дека ги изложила нивните малолетни деца на штетни содржини, при што две од нив извршиле самоубиство на 15-годишна возраст.

    Во тужбата се вели дека алгоритамот на ТикТок ги изложил седумтемина тинејџери на видеа кои промовираат самоубиство, самоповредување и нарушувања на исхраната, кажа адвокатката Лора Бутрон-Мармион. Таа кажа дека ова е прв ваков групен случај во Европа.

    Родителите сакаат правната одговорност на ТикТок да биде призната на суд. Ова е комерцијална компанија која нуди производ на корисници, кои, згора на тоа, се малолетни. Затоа таа мора да одговара за недостатоците на својот производ“, изјави Бутрон-Мармион.

    ТикТок ги отфрла обвинувањата дека го оштетува менталното здравје на децата и тврди дека инвестирала во мерки за заштита на младите корисници на апликацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира