ФРАНЦУЗИНОТ КАГАН И ЈАПОНЕЦОТ СОАИ ЈА ДОБИЈА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА

    ФРАНЦУЗИНОТ КАГАН И ЈАПОНЕЦОТ СОАИ ЈА ДОБИЈА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈААнри Каган и Кенсо Соаи понудиле решение за хемиска мистерија стара повеќе од еден век

    Французинот Анри Каган и Јапонецот Кенсо Соаи се годинашните добитници на Нобеловата награда за хемија за, како што беше соопштено, нивното откритие на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза. Деведесет и петгодишниот Соаи е еден од највозрасните нобеловци досега.

    „Анри Каган и Кенсо Соаи понудија решение за хемиска мистерија стара повеќе од еден век: како може спонтано да настане хомохиралност. Хемиските реакции што тие ги развија се спектакуларни“, изјави Хајнер Линке, претседател на Нобеловиот комитет за хемија.

    Таканаречената „реакција на Соаи“ е именувана според експериментот на јапонскиот научник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира