ГЕНЧОВСКА ЈА НАПУШТА БУГАРСКАТА ВЛАДА ЗАРАДИ МАКЕДОНИЈА

    ГЕНЧОВСКА ЈА НАПУШТА БУГАРСКАТА ВЛАДА ЗАРАДИ МАКЕДОНИЈАГенчовска на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје на 4 февруари. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска се очекува до крајот на денот да поднесе оставка, откако другите тројца министри од партијата Има таков народ (ИТН) веќе ги депонираа своите.

    Лидерот на ИТН Слави Трифонов минатата недела објави дека ја напушта владејачката коалиција и ги повлекува своите министри од владата на Кирил Петков.

    Вчера, Трифонов гостуваше во емисија на радио „Дарик“ и на прашањето зошто ја напуштил коалицијата, тој ја крена раката и гледајќи нагоре, извикна: „Заради Македонијааааа“. Претходно во интервјуто, тој кажа дека нема да има влада „заради Македонија, не заради ИТН“.

    Освен Генчовска, од владата си заминуваат министерот за регионален развој Гроздан Караџов, министерот за спорт Радостин Василев и министерот за енергетика Александар Николов. Четворицата министри на ИТН ќе пролжат да ги исполнуваат функциите додека не бидат изберени нови министри.

    Засега не се знае кога ќе се гласа за нивните оставки во бугарскиот парламент, бидејќи од партијата Продолжуваме со промените на премиерот Кирил Петков рекоа дека прво треба да се донесе ребалансот на буџетот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира