ГЕРМАНИЈА ГИ ИСПОРАЧА ПРВИТЕ 18 ТЕНКОВИ „ЛЕОПАРД 2“ ВО УКРАИНА

    ГЕРМАНИЈА ГИ ИСПОРАЧА ПРВИТЕ 18 ТЕНКОВИ „ЛЕОПАРД 2“ ВО УКРАИНАГерманија обучуваше украински тенковски посади да управуваат со напредната верзија „А6“ на „леопард 2“ (Фото: ЕПА)

    Германија ги испрати првите тенкови „леопард 2“ во Украина, при што германскиот министер за одбрана Борис Писториус кажа дека тие ќе имаат решавачки придонес на бојното поле. Првата пратка се состои од 18 модерни тенкови, за кои украинските сили беа обучувани во изминатиот период.

    Киев потврди дека веќе добил и британски тенкови „челенџер 2“.

    Украина со месеци бараше модерни оружја од своите западни сојузници, со надеж дека оваа пролет ќе почне противофанзива. По неколку недели убедувања, Германија во јануари се согласи да испрати тенкови „леопард 2“ во Украина и им дозволи и на други земји да го направат тоа.

    Првите тенкови им се предадени на нашите украински пријатели на време, како што беше ветено“, изјави Писториус.

    Покрај тоа, Германија испрати и две специјализирани возила за извлекување тенкови и 40 борбени пешадиски возила „мардер“.

    Во изминатите неколку недели, Германија обучуваше украински тенковски посади да управуваат со напредната верзија „А6“ на „леопард 2“. Тие се специјално дизајнирани да бидат конкуренција на главниот советски борбен тенк „Т-90“ и важат за поштедливи и полесни за одржување од повеќето други западни тенкови. Користат 120-милиметарска муниција, која е стандард во НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира