ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАБРАНИ СИТЕ СОБИРИ СО ПОВЕЌЕ ОД ДВАЈЦА ЛУЃЕ

    ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАБРАНИ СИТЕ СОБИРИ СО ПОВЕЌЕ ОД ДВАЈЦА ЛУЃЕВо Германија викендов се забележани малку случаи на прекршување на мерките (Фото: ДПА)

    Германија ќе ги забрани сите собири со повеќе од двајца луѓе, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Ова нема да се однесува на оние кои живеат во исто домаќинство или кои работат заедно.

    Во Германија досега има 22.000 заразени со коронавирусот, но само 84 смртни случаи, што е значително помала стапка во однос на некои други држави.

    „Најголемата опасност лежи во директните социјални интеракции“, изјави премиерот на сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет.

    Најголемиот дел јавни места стивнаа овој викенд откако некои сојузни држави воведоа мерки на карантин и ги повикаа жителите да седат дома. Весникот „Ди Велт“ објави дека се забележани малку случаи на прекршување на мерките.

    „Разбирам дека на луѓето им треба малку свеж воздух, но разочарани сме што има такви кои не ги почитуваат препораките на владата и се дружат“, кажа вицеканцеларот Олаф Шолц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира