ГЕРМАНИЈА ГО ПРОДОЛЖУВА КАРАНТИНОТ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ ОТИ СТАПКАТА НА ЗАРАЗАТА СО КОРОНАВИРУС И НАТАМУ Е ПРЕВИСОКА

    ГЕРМАНИЈА ГО ПРОДОЛЖУВА КАРАНТИНОТ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ ОТИ СТАПКАТА НА ЗАРАЗАТА СО КОРОНАВИРУС И НАТАМУ Е ПРЕВИСОКАСегашниот карантин требаше да заврши на 10 јануари (Фото: ДПА)

    Канцеларката Ангела Меркел и покраинските лидери се очекува денеска да се согласат околу продолжувањето на речиси целосното затворање во Германија до крајот на месецот, откако бројот на починати од ковид-19 продолжи да расте, и покрај претходно воведените строги рестрикции. На 30 декември, Германија за првпат имаше повеќе од 1.000 починати од ковид-19 во еден ден.

    Сегашниот карантин завршува на 10 јануари, но тој најверојатно ќе биде продолжен до 31 јануари, кога Меркел денеска ќе одржи видеоконференција со лидерите на 16-те германски покраини.

    „Имајќи предвид дека стапката на заразата и натаму е превисока, неопходно е да ги продолжиме рестрикциите“, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.

    Михаел Кречмер, премиерот на Саксонија, покраина со најмногу случаи на коронавирус во земјата, вели дека продолжувањето на карантинот е неизбежно.

    Од владата велат дека вистинското влијание на празничните патувања и дружби врз ширењето на коронавирусот нема да биде познато до средина на јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира