ГЕРМАНИЈА ИМА ПРОБЛЕМ СО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА СЕМЕЈСТВО ЛИЗА ПАУС

    ГЕРМАНИЈА ИМА ПРОБЛЕМ СО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА СЕМЕЈСТВО ЛИЗА ПАУСЛиза Паус (во средина) и Ненси Фезер, министерка за внатрешни работи на Германија, на презентацијата на федералниот извештај „Полово специфини злосторства врз жените“. (Фото: ДПА)

    Германија има проблем со насилството врз жените, изјави министерката за семејство Лиза Паус.

    „Речиси секој ден има фемицид. Секој ден околу 400 жени стануваат жртви на семејно насилство“, изјави политичарката од Зелената партија во интервју за денешниот Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените, кој ја подигнува свеста за проблемот.

    Во неколку градови се планирани демонстрации и настани за да се промовира крај на насилството врз жените.

    „Потребен е пресврт, заедно со силен Закон за помош при насилство за да се зацврсти правото на заштита и совети за сите оние кои се погодени од родово и семејно насилство“, бара Паус.

    Таа рече дека продолжува да се залага за меѓупартиска поддршка за законодавството, кое го разви во тесна координација со другите министерства, државни влади и здруженија.

    За да помине низ Бундестагот или долниот дом на германскиот парламент, потребна е широка поддршка од конзервативната опозиција. Коалицијата на левиот центар на Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи пропадна пред нешто повеќе од две недели.

    „Заштитата на жената не смее да зависи од партиски политички калкулации. За жените кои доживуваат насилство и страв за своите животи, сосема е неважно кој владее.“, рече Паус.

    Неодамна, Паус, заедно со министерката за внатрешни работи Ненси Фезер и Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, презентираа бројки кои покажуваат дека се повеќе жени во Германија се погодени од насилство. Особено сериозни се обидите и извршените убиства насочени експлицитно на женскиот пол – таканаречените фемициди.

    Во 2023 година, 938 девојки и жени биле жртви на обиди или извршени фемициди, при што загинале 360 жени и девојки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира