ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГИ ОЛЕСНИ ИМИГРАЦИСКИТЕ ЗАКОНИ ЗАШТО Ѝ НЕДОСТИГААТ МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГИ ОЛЕСНИ ИМИГРАЦИСКИТЕ ЗАКОНИ ЗАШТО Ѝ НЕДОСТИГААТ МИЛИОНИ РАБОТНИЦИГерманија се соочува со стареење на работната сила (Фото: Гети)

    Германската влада се согласи да ги олесни имиграциските закони со цел да се привлечат квалификувани работници во земјата. Германија го сака канадскиот систем на бодување, со цел да се доведат работници кои знаат германски јазик и се добро образовани и обучени.

    Германската економија е најголемата во Европа, но експертите велат дека ѝ се потребни 400.000 имигрантски работници годишно.

    Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер кажа дека реформите ќе ги создадат најмодерните закони за имиграцијата во Европа. Од друга страна, опозицискиот лидер Фридрих Мерц смета дека земјата не успеала да го искористи потенцијалот што веќе го поседува, зашто два милиона луѓе се невработени.

    Германија се соочува со стареење на работната сила, а најмногу работници недостигаат во градежништвото, здравствената грижа и во информатичката технологија. Министерот за труд Хубертус Хајл вели дека на Германија ќе ѝ требаат седум милиони работници до 2035 година.

    Владата исто така планира да го измени уставот за да се дозволи двојното државјанство, што сега главно е забрането во Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира