Германија во иднина ќе ги тестира патниците кои се враќаат од областите во кои што моментално постои висок ризик од зараза со коронавирус, објави министерот за здравство Јенс Шпан.
„Ќе сторам сѐ што е во мојата моќ да ја воведам обврската за тестирање на оние кои се враќаат од високоризични држави. Мора да спречиме тие кои доаѓаат од странство да не заразат други, а со тоа и нови кластери“, кажа Шпан.
Ова следува по извештаите дека има зголемено ширење на коронавирусот во традиционалните летни дестинации за одмор за Германците.
Во Германија, пак, во изминатите 24 часа се потврдени 340 нови случаи на коронавирус, објави институтот „Роберт Кох“.