Германскиот центар за контрола на болести објави дека ќе спроведе серија крвни тестови за да се утврди колку луѓе во земјата се имуни на КОВИД-19 и колку многу се заразени без да знаат.
Шефот на институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер, изјави дека тестирањата ќе се прават низ целата земја, и тоа на примероци од крв добиени од дарители. Институтот планира да направи тестови за антитела на околу 5.000 примероци на крв во наредните 14 дена, а првите резултати се очекуваат во почетокот на мај.
Во друго истражување ќе се испита крвта на околу 2.000 луѓе од секое од четирите жаришта на коронавирусот во Германија, а трето ќе се базира на репрезентативен примерок од околу 15.000 луѓе од целата земја. Овие резултати се очекуваат во јуни.
Во Германија досега има речиси 115.000 заразени, од кои 2.349 починале.