ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ ДЕКА ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19 НАПРОЛЕТ ЌЕ СТАНЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО

    ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ ДЕКА ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19 НАПРОЛЕТ ЌЕ СТАНЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНОГерманија регистрираше над 100.000 нови случаи на коронавирус за првпат од почетокот на пандемијата (Фото: Гети)

    Германија најави дека оваа пролет би можела да воведе задолжително вакцинирање против ковид-19 со цел да се избегне нов бран на зараза поради можната појава на нови варијанти наесен.

    „Задолжителното вакцинирање брзо би можело да биде воведено, во април или мај. Целта е да се избегне нов бран на зараза“, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах.

    Германија регистрираше повеќе од 100.000 нови случаи на коронавирус за првпат од почетокот на пандемијата, при што Лаутербах кажа дека врвот на ширењето на заразата сè уште не е достигнат. Институтот „Роберт Кох“ соопшти дека во изминатите 24 часа биле потврдени 112.323 нови случаи на зараза, а починале 239 луѓе од ковид-19.

    Омикрон сега е доминантниот сој во земјата и на него отпаѓаат 70% од новите случаи.

    „Врвот на ширењето се очекува за неколку недели. Мислам дека тоа ќе се случи во средина на февруари, по што бројките повторно ќе паѓаат“, кажа Лаутербах, додека високо преносливиот омикрон ја зголеми седумдневната стапка на 584,4 новозаразени на 100.000 жители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира