ГЕРМАНИЈА НЕ ОЧЕКУВА НАПАДИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО, ИАКО УАПСИ СИМПАТИЗЕР НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА КОЈ САКАЛ ДА РАБОТИ КАКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

    ГЕРМАНИЈА НЕ ОЧЕКУВА НАПАДИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО, ИАКО УАПСИ СИМПАТИЗЕР НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА КОЈ САКАЛ ДА РАБОТИ КАКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕСе очекува јавните собири за гледање мечеви да привлечат околу 12 милиони луѓе (Фото: ДПА)

    Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер изјави дека Германија е многу добро подготвена за соочување со какви било безбедносни ризици за време на Европското фудбалско првенство, кое се отвора вечерва со мечот помеѓу домашната селекција и Шкотска.

    Постојат многу големи ризици во апстрактен поглед, но засега немаме ништо конкретно. Безбедноста е најважниот приоритет за нас. Многу, многу добро сме подготвени и затоа се надевам дека ќе имаме мирни и безбедни натпревари“, кажа Фезер.

    Првенството ќе трае до 14 јули и ќе се играат 51 натпревар во десет градови, на кои се очекуваат вкупно 2,7 милиони гледачи. Во исто време, се очекува јавните собири за гледање мечеви да привлечат околу 12 милиони луѓе.

    Минатата недела, германската полиција уапсила осомничен симпатизер на Исламска држава кој аплицирал за работа на првенството. Мажот, кој имал мароканско, германско и полско државјанство, бил уапсен на аеродромот во Келн под сомнение дека му биле префрлени 1.700 долари од сметка која се поврзува со Исламска држава. Тој наводно сакал да работи како обезбедување на првенството.

    Детално ги проверивме сите оние кои ќе работат во областа на обезбедувањето и редот. Нема назнаки дека се планира некаков напад“, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Ројл.

    Околу 580 полицајци од други држави ќе помагаат во обезбедувањето на првенството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира