ГЕРМАНИЈА НЕ САКА ДОПОЛНИТЕЛНО ДА ГО ПОЛНИ БУЏЕТОТ НА ЕУ

    ГЕРМАНИЈА НЕ САКА ДОПОЛНИТЕЛНО ДА ГО ПОЛНИ БУЏЕТОТ НА ЕУГерманија го крати националниот буџет и нема пари за дополнителни придонеси во буџетот на ЕУ, вели министерот за финансии Линднер. (Фото: ДПА)

    Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер вели дека Германија нема веќе капацитет за дополнителни уплати во буџетот на ЕУ. Ситуацијата со буџетот во Германија е стегната, кажа функционерот од Слободната демократска партија (ФДП).

    „Со оглед на неопходните кратења на нашиот национален буџет, не можеме да си дозволиме дополнителни придонеси во буџетот на ЕУ во моментов“, кажа Линднер.

    Тој додаде дека Германија не е единствената земја во ваква позиција во моментов. Делумно поради високите трошоци за поддршка на Украина, долгорочниот буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 е растегнат до крајна граница, според Европската комисија (ЕК). Во тек е ревизија на буџетот и ЕК планира да ги презентира резултатите од ревизијата на 20 јуни.

    Линднер очекува ЕК да побара дополнителни средства, но тој вели дека треба да се искористат средствата предвидени за неочекувани настани, пред да се бараат дополнителни средства од земјите членки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира