Германија објави дека во последните 24 часа се потврдени нови 3.834 случаи на коронавирус, што претставува пораст откако бројката беше во опаѓање четири дена по ред.
Според институтот „Роберт Кох“, во земјата досега има 99.225 заразени. Над 100.000 случаи имаат само Италија, Шпанија и САД, а и Франција е многу блиску до оваа граница.
Во Германија досега починале 1.607 пациенти, од кои 173 се нови. И ова значи значителен пораст откако вчера имаше 92 мртви.
Германија нареди 14-дневен карантин за сите кои влегуваат во земјата.