ГЕРМАНИЈА ПОБАРА ПРОШКА ОД ПОЛСКА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА 80 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    ГЕРМАНИЈА ПОБАРА ПРОШКА ОД ПОЛСКА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА 80 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАПретседателите на Германија и Полска Штајнмајер и Дуда заеднички запалија свеќа на споменикот во Вјелуњ (Фото: ЕПА)

    Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер побара прошка од Полска за нацистичката тиранија, на церемонијата на којашто беше потсетено на 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна.

    Штајнмајер им се придружи на други светски лидери на комеморацијата во Вјелуњ, првиот град кој беше бомбардиран од Германците. Тој ја осуди желбата за уништување, што довела до почетокот на нападите.

    „Им се поклонувам на полските жртви на германската тиранија. И барам прошка“, кажа Штајнмајер.

    Неговиот полски колега Анджеј Дуда го опиша нападот на нацистичка Германија како варварски чин.

    „Вјелуњ покажа каква војна ќе биде тоа, тотална војна, без правила, уништувачка војна“, изјави Дуда.

    Комеморацијата продолжува во Варшава, кадешто ќе учествуваат и Ангела Меркел и американскиот потпретседател Мајк Пенс.

    Полска е меѓу земјите кои претрпеа најголеми загуби во Втората светска војна, со шест милиони убиени жители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира