ГЕРМАНИЈА ПРЕПОРАЧА ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ДА НЕ ИМ СЕ ДАВА НА ЛИЦАТА ПОД 60 ГОДИНИ

    ГЕРМАНИЈА ПРЕПОРАЧА ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ДА НЕ ИМ СЕ ДАВА НА ЛИЦАТА ПОД 60 ГОДИНИВакцината на „АстраЗенека“ се поврзува со 31 случај на мозочна тромбоза во Германија (Фото: Ројтерс)

    Германската комисија за вакцини (Стико) ја препорача употребата на вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ само за лицата над 60 години. Ова следува откако ваква одлука денеска донесоа властите на Берлин и Минхен.

    „Одлуката е донесена врз основа на моментално достапните податоци за појава на ретки, но многу сериозни несакани ефекти поврзани со тромбоза“, соопшти Ситко.

    Комисијата кажа дека ќе издаде дополнителни препораки што да прават оние лица под 60 години кои веќе ја примиле првата доза од оваа вакцина, а втората им следуваше до крајот на април. Околу 2,7 милиони Германци досега се вакцинирале со „АстраЗенека“.

    Институот „Паул Ерлих“ денеска објави дека се регистрирани 31 случај на мозочна тромбоза, за кои се верува дека се случиле по примањето на вакцина на „АстраЗенека“. Девет случаи завршиле со смрт и сите освен две биле жени на возраст од 20 до 63 години.

    Денеска и Канада ја суспендираше употребата на оваа вакцина за лицата под 55 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира