ГЕРМАНИЈА СО 500 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ЈА ПОДОБРУВА ВЕНТИЛАЦИЈАТА ВО ЈАВНИ ОБЈЕКТИ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    ГЕРМАНИЈА СО 500 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ЈА ПОДОБРУВА ВЕНТИЛАЦИЈАТА ВО ЈАВНИ ОБЈЕКТИ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТСтуденото време ги става луѓето во уште поголем ризик бидејќи поминуваат повеќе време во затворено (Фото: ДПА)

    Германската влада ќе инвестира 500 милиони евра во подобрувањето на вентилациските системи во јавните објекти во обид да го спречи ширењето на коронавирусот. Со грантовите ќе се подобрува циркулацијата на воздухот во јавните канцеларии, музеите, театрите, универзитетите и училиштата. Приватните фирми засега не се вклучени во овој проект.

    Вирусите се шират преку ситни капки наречени аеросоли, што се испуштаат при кашлање и кивање и експертите сметаат дека тие можат да се задржат во воздухот во соба најмалку осум минути. Студеното време ги става луѓето во уште поголем ризик бидејќи поминуваат повеќе време во затворено.

    Владата сака училиштата кои немаат централен систем за вентилација да добијат барем мобилни прочистувачи на воздухот.

    Германските експерти велат дека апарати кои се базираат на УВ-зраци, озон или јонизација се неефективни против коронавирусот и дури го влошуваат квалитетот на воздухот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира