ГЕРМАНИЈА СО ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ОД 2,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, СОДРЖИ И 30 ТЕНКОВИ

    ГЕРМАНИЈА СО ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ОД 2,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, СОДРЖИ И 30 ТЕНКОВИГерманија вети дека ќе ја поддржува Украина колку што биде потребно (Фото: АП)

    Германија објави дека ќе ѝ даде воена помош на Украина вредна 2,7 милијарди евра, нејзин најголем ваков пакет од почетокот на руската инвазија и додаде дека ќе го поддржува Киев колку што биде потребно.

    Пакетот, меѓу другото, вклучува 30 тенкови „леопард“, 15 противвоздушни тенкови „гепард“, над 200 извиднички дронови и четири противвоздушни системи „ирис-Т“, објави германското министерство за одбрана.

    Посакуваме брз крај на оваа ужасна и незаконска војна. За жал, крајот не е на повидок. Затоа Германија ќе обезбеди секоја можна помош за Украина, колку што биде потребно“, изјави министерот за одбрана Борис Писториус.

    И од кабинетот на Зеленски ја потврдија пратката, за која кажаа дека содржи и 100 оклопни возила и големи количества муниција.

    Ова следува два дена откако Велика Британија стана првата земја која ѝ испрати проектили со долг дострел на Украина, која вели дека сè уште не почнала со противофанзивата, иако во изминатите денови бележи напредок на фронтот кај Бахмут.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира