Германската транспортна мрежа денеска ќе биде во целосен застој откако два големи синдиката најавија 24-часовен штрајк. Вработените на аеродромите, автобуските и железничките станици, пристаништата и во подземната железница запреа со работа веднаш по полноќ.
Синдикатите бараат покачување на планите за да можат нивните членови да се справат со растечките животни трошоци низ земјата. Претходно веќе имаше помали штрајкови во јавниот сектор, но денешниот ќе биде најголем во Германија во последните неколку децении.
Синдикатот „Верди“ претставува 2,5 милиони вработени во јавниот сектор, вклучувајќи ги јавниот превоз и аеродромите, додека во „ЕВГ“ членуваат 230.000 луѓе. Тие се надеваат дека ќе извршат дополнителен притисок врз работодавците во пресрет на денешната нова рунда преговори.
„Покачувањето на платите е прашање на преживување за илјадници луѓе. Тие не само што имаат ниски примања, туку се и преоптоварени со работа“, изјави шефот на „Верди“, Франк Вернеке.
„Верди“ бара зголемување на платите од 10,5% за своите членови, додека „ЕВГ’ сака покачување од 12%.
Здружението на германските аеродроми соопшти дека денешниот штрајк ќе погоди 380.000 патници.