Германската полиција соопшти дека го фатила осомничениот кој го бркаше два дена, а за кого верува дека планирал бомбашки напад.
Станува збор за сирискиот бегалец Џабер Ал Бакр кој бил уапсен во Лајпциг, откако во саботата беше направена рација на негивиот стан во градот Кемниц. При претресот беа пронајдени неколку грама „многу разорен“ експлозив, изјавија истражителите.
При акцијата беа евакуирани околу 100 луѓе во блокот каде што живеел Ал Бакр. Две лица кои имале конктакт со него беа уапсени на железничката станица во Кемниц, а уште еден бил пресретнат од полицијата во близина на местото каде што живеел.