ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО АКЦИЈА ПРОТИВ АНТИВАКСЕРСКИ ЕКСТРЕМИСТИ ПОРАДИ СМРТНИ ЗАКАНИ КОН ПРЕМИЕРОТ НА САКСОНИЈА

    ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО АКЦИЈА ПРОТИВ АНТИВАКСЕРСКИ ЕКСТРЕМИСТИ ПОРАДИ СМРТНИ ЗАКАНИ КОН ПРЕМИЕРОТ НА САКСОНИЈАМихаел Кречмер во почетокот бил противник на коронамерките, но потоа ги поддржа (Фото: ДПА)

    Германската полиција изврши рации во источната покраина Саксонија откако премиерот Михаел Кречмер примил смртни закани поради поддршката за коронамерките. Крајнодесничарски активисти против вакцинирањето се осомничени за подготвување насилство со самострели и други остри оружја.

    Саксонија ја има најниската стапка на вакцинирање против ковид-19 во Германија и само 61,9% жители имаат примено една доза. Минатата година, Кречмер ја опиша ситуацијата со ковид-19 како хистерија, но потоа се извини и ги поддржа коронамерките.

    Полицијата кажа дека специјалната антиекстремистичка единица упаднала во повеќе места како одговор на заканите кон Кречмер. Заговорот бил разоткриен од новинари кои се инфилтрирале во група од стотина луѓе кои меѓусебно комуницирале преку апликацијата Телеграм. Нарекувајќи се себеси Дрезденска онлајн мрежа, тие се собирале и во паркови за да разменуваат идеи и новинарите објавија снимка на која еден маж кажува дека е вооружен и спремен.

    Според полицијата, на снимките се зборува за план да се убијат Кречмер и други регионални функционери.

    Кречмер, кој е член на Демохристијанскиот сојуз, во почетокот бил противник на мерките, но го смени мислењето откако Саксонија стана една од најпогодените покраини во пандемијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира