ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ПОТРАГА ПО ТУНИЖАНЕЦ ЗА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО БЕРЛИН

    ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ПОТРАГА ПО ТУНИЖАНЕЦ ЗА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО БЕРЛИН

    Германската полиција e во потрага по Тунижанец за терористичкиот напад во Берлин откако најде документи за идентификација во камионот со кој беше извршен нападот, според извештаите во германските медиуми. Документите биле под седиштето на возачот на камионот кој се втурна во толпата луѓе на божикниот панаѓур завчера, убивајќи 12 луѓе и повредувајќи 48.

    „Шпигел“ и „Алгемајне Цајтунг“ јавија дека документот, најверојатно од канцеларијата за азил, кадешто се најавува престој за депортација, бил на името на Анис А., роден во 1992 година во Татауин, Тунис.

    Според весниците, осомничениот имал и двајца соучесници.

    „Билд“ објави дека полицијата била запознаена со Анис А.  за претходни случаи со нанесување телесни повреди и се смета за опасен.

    Според извештаите, по терористичкиот напад, еден Полјак којшто бил ограбен пред својот камион, бил однесен на панаѓурот каде што бил истепан и избоден, а исто така се верува дека бил смртно застрелан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира