ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАСТРЕЛА АВГАНИСТАНЕЦ КОЈ УБИ СОНАРОДНИК, ПА НАПАДНА ГРУПА ЛУЃЕ КОИ ГЛЕДАЛЕ ФУДБАЛ

    ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАСТРЕЛА АВГАНИСТАНЕЦ КОЈ УБИ СОНАРОДНИК, ПА НАПАДНА ГРУПА ЛУЃЕ КОИ ГЛЕДАЛЕ ФУДБАЛПолицијата кажа дека мотивот на нападот не е познат (Фото: Билд)

    Германската полиција уби Авганистанец кој претходно му нанесе фатални повреди на свој сонародник и потоа рани тројца луѓе кои го гледале првиот меч на Европското првенство во Германија. Инцидентот се случи во гратчето Волмирштет, 130 километри западно од Берлин.

    Дваесет и седумгодишниот маж прво нападнал со нож 23-годишен Авганистанец, кој подоцна им подлегнал на повредите. Тој потоа нападнал група луѓе кои гледале фудбал во дворот на приватна куќа, при што ранил тројца, од кои двајца се здобиле со посериозни повреди.

    Напаѓачот со истото оружје потоа им се нафрлил и на полицајците кои одговориле на повикот, по што бил застрелан и починал во болница.

    Полицијата кажа дека мотивот на нападот не е познат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира