ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА, СЕКОЈ ВОЗРАСЕН ГРАЃАНИН ЌЕ МОЖЕ ДА ПОСЕДУВА ДО 25 ГРАМА

    ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА, СЕКОЈ ВОЗРАСЕН ГРАЃАНИН ЌЕ МОЖЕ ДА ПОСЕДУВА ДО 25 ГРАМАЗаговорниците за легален канабис сакаат легализацијата да се воведе уште оваа година, но тие се соочуваат со силен отпор (Фото: Гети)

    Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах го претстави контроверзниот предлог-закон за легализација на рекреативната употреба на марихуана откако тој денеска беше одобрен од владата.

    Заговорниците за легален канабис во рамките на коалициската влада сакаат легализацијата да се воведе уште оваа година, но тие се соочуваат со отпор од конзервативните пратеници, некои лекари и претставниците на органите за спроведување на законот. Лаутербах го опиша предлог-законот како пресвртна точка откако политиките за канабисот се покажаа неуспешни.

    Сепак, употребата на канабисот има свои ризици. Никој не би требало погрешно да го чита овој закон. Консумирањето марихуана ќе биде легализирано, но останува опасно“, стои во заедничкото соопштение на министерствата за здравство и земјоделство.

    Лаутербах кажа дека целта е да се ограничат црниот пазар, криминалите поврзани со дрога, трговијата на лажни и токсични супстанци и бројот на потрошувачи.

    Заштитата на децата и тинејџерите е централен елемент на целиот законодавен проект. Легално, но…“, додаде тој.

    Според владините проценки, 4,5 милиони возрасни во Германија користат марихуана барем еднаш годишно. Со новиот закон, секој граѓанин над 18 години ќе може легално да поседува до 25 грама марихуана и за лични потреби да одгледува најмногу три стебла. Ќе постојат и здруженија за одгледување наречени „социјални клубови за канабис“, кои ќе ги снабдуваат своите членови со домашно одгледани производи.

    Првиот чекор ќе биде декриминализацијата, по што специјализирани продавници ќе смеат да продаваат марихуана и производи кои содржат ТХЦ, но само во одредени окрузи и градови во првичниот пробен период од пет години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира