ГЕРМАНСКИ ТУРИСТИ ИСПАДНАА ОД ЖИЧНИЦА ВО ЦРНА ГОРА, ЕДЕН ЗАГИНА

    ГЕРМАНСКИ ТУРИСТИ ИСПАДНАА ОД ЖИЧНИЦА ВО ЦРНА ГОРА, ЕДЕН ЗАГИНАНесреќата на Дурмитор се случила откако жичницата поради дефект тргнала наназад (Фптп: Побједа)

    Еден странски турист загина, а тројца се спасени во несреќа на жичницата на планината Дурмитор во Црна Гора. Тамошните медиуми објавија дека двајца германски државјани испаднале од својата кабина, од кои еден починал, додека неговата сопруга е тешко повредена.

    По неколкучасовниот прекин на работата на жичницата поради несреќата, спасени се тројца странски туристи кои беа заглавени на стрмниот и непристапен дел на скијалиштето на Дурмитор. Тие беа заглавени во горниот дел на жичницата, каде што температурите се пониски.

    Црногорските медиуми објавија дека несреќата се случила откако жичницата поради дефект тргнала наназад, при што двајцата Германци испаднале од кабината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира