ГЕРМАНСКИТЕ РАБОТОДАВАЧИ БАРААТ КАНЦЕЛАРИСКИТЕ РАБОТНИЦИ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ НА 70 ГОДИНИ

    ГЕРМАНСКИТЕ РАБОТОДАВАЧИ БАРААТ КАНЦЕЛАРИСКИТЕ РАБОТНИЦИ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ НА 70 ГОДИНИВо Германија, возраста на пензионирање постепено ќе се зголемува од 65 на 67 години до 2029 година. (Фото: Пекселс)

    Шефот на Асоцијацијата на германски работодавачи смета дека е разумно канцелариските работници да се пензионираат на 70 години.

    Зборувајќи за германската јавна телевизија СВР, Штефан Волф, претседателот на Гесамтметал, повика да се воведе пензионирање на подоцна возраст во Германија.

    „Фабрички работник кој работи многу напорно нема да може да работи до 70 години. Но, некој кој седи во канцеларија ќе може да работи до 70 години“, кажа тој.

    Во Германија, возраста на пензионирање постепено ќе се зголемува од 65 на 67 години до 2029 година.

    Волф, во интервјуто, кажа дека противи на повиците за четиридневна работна недела.

    Гесамтметал е организација која што ги обединува асоцијациите на работодавачите во металната и електричната индустрија. Околу 4 милиони луѓе работат во оваа индустрија во Германија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира