Македонија ќе заспие како мала држава на Балканот, а ќе се разбуди како членка на НАТО, доколку граѓаните на претстојниот референдум го прифатат договорот со Грција, изјави Јоргос Кумуцакос, задолжен за надворешната политика во грчката опозициска партија Нова демократија.
Според него, друга голема придобивка од успешниот референдум е што Македонија ќе го зачува својот идентитет.
„Мотивот да се гласа ‘за‘ е многу голем. Прво, тие со тоа ги задржуваат името, националноста и јазикот, а како второ, добиваат членство во НАТО и позитивна перспектива за интеграција во Европската Унија. Друго прашање е што добива Грција со тоа. Ако не помине референдумот, тоа ќе значи дека во таа држава национализмот и иредентизмот се длабоко вкоренети и ќе се потврдат долгогодишните грижи на Грција за тоа како стојат работите. Ова е шанса за вистински големи промени во нивните животи, шанса да заспијат како мала држава на Балканот, а да се разбудат како членка на НАТО“, изјави Кумуцакос, додавајќи дека неговата партија и натаму има став дека Договорот од Преспа е штетен за Грција.