ГО ШТИТИМЕ ЧЕРНОБИЛ ОД ТЕРОРИСТИ, ВЕЛИ РУСИЈА

    ГО ШТИТИМЕ ЧЕРНОБИЛ ОД ТЕРОРИСТИ, ВЕЛИ РУСИЈАРуските трупи вчера го зазедоа делумно затвореното подрачје на Чернобил (Фото: Шатерсток)

    Руското министерство за одбрана соопшти дека нејзините трупи ја држат некогашната нуклеарна централа во Чернобил за да ја заштитат.

    „Ја штитиме за да не им дозволиме на националистички групи и терористички организации да ја искористат ситуацијата во земјата и да направат нуклеарна провокација“, кажаа од министерството.

    Русија вели дека нивото на радијација во областа е нормално и дека нејзини екипи ќе продолжат да го следат нивото на радиоактивност.

    Руските трупи вчера го зазедоа делумно затвореното подрачје на Чернобил, каде што во 1986 се случи најголемата нуклеарна катастрофа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира