ГО СТАВАМЕ ПОЖАРОТ ПОД КОНТРОЛА, КАЖА ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС ЗА КРИЗАТА СО КОВИД-19

    ГО СТАВАМЕ ПОЖАРОТ ПОД КОНТРОЛА, КАЖА ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС ЗА КРИЗАТА СО КОВИД-19Премиерот Санчес смета дека Шпанија на време реагирала со рестриктивните мерки (Фото: Ројтерс)

    Шпанија е блиску до надминувањето на најлошото во епидемијата на коронавирусот, изјави премиерот Педро Санчес, додека парламентот дебатира за продолжување на вонредната состојба во земјата.

    „Пожарот полека го ставаме под контрола. Цела Европа доцнеше, ние дејствувавме предвреме“, изјави Санчес.

    Шпанија има најмногу потврдени случаи на коронавирус во Европа – 152.446, а досега починале 15.238 луѓе, од кои 683 во последните 24 часа. Вонредната состојба трае до 26 април, но би можела да биде продолжена за уште две недели.

    Шпанија има воведено некои од најрестриктивните мерки во Европа и Санчес смета дека тоа помогнало драстично да се намали стапката на зараза.

    Неколку европски држави најавија постепено олеснување на карантинот во наредниот период.

    Помали, несуштински продавници повторно ќе почнат со работа во Австрија и Чешка следната недела, а Данска и Норвешка ќе ги отворат градинките и основните училишта на 15, односно на 20 април. И германскиот министер за здравство Јенс Шпан кажа дека земјата постепено би можела да почне да се враќа во нормала по Велигден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира