ГО ВРАЌАМЕ ОНА ШТО Е НАШЕ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ОТКАКО УКРАИНА ПОЧНА ОФАНЗИВА НА ЈУГОТ НА ЗЕМЈАТА

    ГО ВРАЌАМЕ ОНА ШТО Е НАШЕ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ОТКАКО УКРАИНА ПОЧНА ОФАНЗИВА НА ЈУГОТ НА ЗЕМЈАТАУкраинската офанзива на југот следува по неколкунеделниот застој во војната (Фото: Гети)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача на руските трупи да бегаат откако украинските сили почнаа противофанзива близу градот Херсон. Украинската офанзива на југот на земјата следува по неколкунеделниот застој во војната.

    Украинските трупи ќе ги бркаат руските војници до границата. Ако сакаат да преживеат, подобро нека бегаат. Одете си дома. Украина си го враќа она што е нејзино“, кажа Зеленски во редовното ноќно обраќање.

    Неговиот советник Олексиј Арестович изјави дека руската одбрана кај Херсон била пробиена по само неколку часа.

    Украинските сили ги гранатираат траектите што Русија ги користи за снабдување на окупираната територија на западниот брег на Днепар“, кажа Орестович.

    Британското министерство за одбрана соопшти дека украинската војска го засилила артилерискиот оган на југот и со прецизни удари со долг дострел го нарушува руското снабдување.

    Украинските државни медиуми јавуваат за експлозии и пукотници во регионот Херсон, а генералштабот на украинската војска потврди дека има судири во различни делови од земјата, но не изнесе детали.

    Руското министерство за одбрана соопшти дека украинските трупи направиле обид за офанзива во регионите Херсон и Миколаив, но претрпеле значителни загуби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира