ЃОКОВИЌ ГИ ПОДДРЖА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА ПРОТИВ ВЛАСТА И РУДНИКОТ ЗА ЛИТИУМ

    ЃОКОВИЌ ГИ ПОДДРЖА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА ПРОТИВ ВЛАСТА И РУДНИКОТ ЗА ЛИТИУМЃоковиќ на Инстаграм сподели фотографија од вчерашната блокада на мостот „Газела“ во Белград. (Фото: Инстаграм)

    Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги поддржа протестите во Србија против законските измени кои според демонстрантите власта ги прави по мерка на гигантот „Рио Тинто“ и проектот за отворање рудник за литиум во областа Јадар.

    Ѓоковиќ на Инстаграм сподели фотографија од вчерашната блокада на мостот „Газела“ во Белград и напиша: „Чист воздух, вода и храна се клучот на здравјето. Без тоа, секој збор за ‘здравје’ е вишок“.

    Илјадници демонстранти вчера блокираа главни патишта ширум Србија, незадоволни од планот на власта да му дозволи на гигантот „Рио Тинто“ да отвори рудник за литиум во Србија. Зелените активисти велат дека проектот ќе ги загади земјата и водите во Србија.

    Освен во Белград, протести се одржаа во други српски градови, а имаше и тепачки меѓу демонстранти и контрадемонстранти во главниот град и во Нови Сад, според извештаите во локалните медиуми.

    Минатиот викенд имаше слични протести низ Србија за време на кои маскирани луѓе нападнаа собир во Шабац, што предизвика големо незадоволство на социјалните мрежи и обвинувања дека власта користи хулигани за да ги запре протестите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира