ЃОКОВИЌ СИ ЗАМИНА ОД АВСТРАЛИЈА

    ЃОКОВИЌ СИ ЗАМИНА ОД АВСТРАЛИЈА34-годишниот Ѓоковиќ кажа дека е екстремно разочаран од судската одлука, но дека ја почитува. (Фото: Ројтерс)

    Новак Ѓоковиќ си замина од Австралија денеска откако Федералниот суд ја отфрли неговата жалба на одлуката на австралиската влада да му ја поништи визата.

    Српскиот тенисер не успеа да ги убеди тројцата судии да ја спречат неговата депортација и да му дозволат да настапи на Австралијан опен и покрај тоа што не е вакциниран против ковид-19.

    34-годишниот Ѓоковиќ кажа дека е екстремно разочаран од судската одлука, но дека ја почитува.

    Австралиските медиуми јавија дека Ѓоковиќ ја напушти земјата со лет на „Емирејтс“ од Мелбурн за Дубаи во 12.30 часот по средноевропско време. Депортацијата обично вклучува и тригодишна забрана за влез во Австралија.

    Ѓоковиќ има освоено рекордни 9 титули на Австралијан опен, но овојпат нема да има шанса да ја брани титулата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира