ГОЛЕМ ПОЖАР ГО ЗАТВОРИ АЕРОДРОМОТ „ХИТРОУ“ ВО ЛОНДОН НА ЦЕЛ ДЕН, ЌЕ БИДАТ ПОГОДЕНИ НАД 1.300 ЛЕТОВИ

    ГОЛЕМ ПОЖАР ГО ЗАТВОРИ АЕРОДРОМОТ „ХИТРОУ“ ВО ЛОНДОН НА ЦЕЛ ДЕН, ЌЕ БИДАТ ПОГОДЕНИ НАД 1.300 ЛЕТОВИПожарникарите кажаа дека причината за пожарот не е позната (Фото: АП)

    Аеродромот „Хитроу“ во Лондон ќе биде затворен денеска цел ден откако поради голем пожар во трафостаница во близина снема струја, што ќе го наруши распоредот на летови низ целиот свет. Лондонската противпожарна бригада кажа дека околу 70 пожарникари го гаснат огнот во западен Лондон, што доведе до исклучување на струјата на „Хитроу“, најпрометниот аеродром во Европа и петти во светот.

    Околу 150 луѓе беа евакуирани од околните згради, а илјадници имоти останаа без струја. Пожарникарите кажаа дека причината за пожарот не е позната.

    За да се зачува безбедноста на патниците и нашите колеги, ‘Хитроу‘ ќе биде затворен до 23:59 часот на 21 март“, објави аеродромот на својата страница на Икс, советувајќи ги патниците да не се упатуваат кон аеродромот.

    Според сајтот за следење летови „Флајтрадар“, најмалку 120 влезни летови требаше да се пренасочат кон други аеродроми, а вкупно 1.351 авион денеска требаше да полетаат од „Хитроу“ или да слетаат таму. Експерти од авиоиндустријата, туризмот и трговијата кажаа дека ќе има натамошни нарушувања во авиосообраќајот на светско ниво, зашто ќе има откажувања или одложувања на летови.

    Наши 341 авион требаше да слетаат на ‘Хитроу‘ денеска. Ова ќе има значително влијание врз нашите операции и корисници“, објави „Бритиш ервејс“.

    Некои авиони од САД морале да свртат во воздухот и да се вратат на својата појдовна точка, додека авион на „Квантас“, кој тргнал од Перт, слетал во Париз.

    Портпарол на „Хитроу“ изјави за „Ројтерс“ дека засега не се знае точно кога ќе се врати струјата и додаде дека значајни нарушувања би можело да има и во следните денови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира