ГРАБЕЖОТ ВО ЛУВР ГО ИЗВЕЛЕ СИТНИ ЛОКАЛНИ КРИМИНАЛЦИ, А НЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ, КАЖА ОБВИНИТЕЛКАТА НА ПАРИЗ

    ГРАБЕЖОТ ВО ЛУВР ГО ИЗВЕЛЕ СИТНИ ЛОКАЛНИ КРИМИНАЛЦИ, А НЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ, КАЖА ОБВИНИТЕЛКАТА НА ПАРИЗВо врска со грабежот досега се уапсени четири лица (Фото: АП)

    Дрскиот грабеж на накит од Лувр вреден 88 милиони евра беше изведен од ситни криминалци, а не од професионалци од светот на организираниот криминал, изјави обвинителството на Париз.

    Пред две недели, двајца мажи паркираа камион со лифт пред Лувр, се качија на вториот кат, скршија прозорец, отворија витрини со вреден царски накит и потоа избегаа на мотори управувани од двајца соучесници. Грабежот траел помалку од седум минути, што ги наведе властите и експертите во прв момент да заклучат дека вакво нешто можеле да изведат само врвни професионалци.

    „Сега кога тројца од четворицата осомничени крадци се во затвор, јасно е дека нивниот профил на одговара на стилот на професионални гангстери од филмот ‘Единаесеттемина на Оушн‘, туку станува збор за ситни криминалци од суровите северни предградија на Париз. Ова не е баш секојдневна деликвенција, но е деликвенција што генерално не ја поврзуваме со горните ешалони на организираниот криминал“, изјави париската обвинителка Лор Бекуо.

    Во врска со грабежот досега се уапсени четири лица, вклучувајќи ја девојката на еден од крадците.

    „Тие не личат на професионалци од организираниот криминал способни за извршување сложени операции. Ова се очигледно локални луѓе. Сите тие живеат повеќе или помалку во Сен-Дени“, додаде Бекуо.

    Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека последниот осомничен кој сè уште е во бегство е веројатно организаторот на грабежот.

    Француските медиуми шпекулираа дека крадците биле аматери, бидејќи најскапоцениот украден накит, круната на царицата Ежени, им испаднал при бегството, оставиле алатки, ракавица и други предмети на местото на настанот и не го запалиле камионот пред да избегаат. Една недела по грабежот, полицијата уапси двајца мажи осомничени дека провалиле во Лувр: 34-годишен Алжирец кој живее во Франција од 2010 и 39-годишник кој веќе бил обвинет за тешка кражба. Уште две лица се уапсени на 29 октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира